Ниту едно појавување на Ракел Велч на црвениот тепих не минува без лавина комплименти. 73-годишната актерка самоуверено зачекори на црвениот тепих пред доделувањето на „Governors Awards“ и со својот изглед ги зароби погледите на присутните.
Малку се возрасните дами кои во осмата деценија од животот би се осмелиле да облечат тесен црвен фустан, но за Велч сексапилната облека не е предизвик.
Неодамна таа привлекуваше погледи на забава по повод доделувањето на Еми награди во фустан со леопардски принт од Долче и Габана.