Лени Кравиц со годините не изгубил ниту грам од својот сексапил. Познатиот музичар иако наскоро ќе наполни 48 години, изгледа особено привлечно.
За Interview Magazine Лени позираше полугол покажувајќи ги своите дефинирани стомачни мускули. На една од фотографиите тој ги демонстрира своите кулинарски способности, што го прави уште попривлечен за женската популација.
Во интервју за списанието, Лени зборуваше за својот најнов ангажман во филмот „The Hunger Games“ и откри дека режисерот му ја понудил улогата без аудиција.
Но, освен што е музичар и актер, Кравиц има уште еден креативен талент – тој е и дизајнер. „Едноставно го сакам дизајнирањето. Започнав прво да правам мебел затоа што не можев да пронајдам одредени нешта и потоа навлегов во тоа. Се „заразив“ и решив да направам компанија во 2003 година (Kravitz Design). Потоа, започнав да добивам ангажмани. Ме ангажираа од Сваровски да направам неколку лустери... сега го правам целиот ентериер на една кула во Мајами, наречена Paramount Bay, која има 47 ката“ – изјавил тој.
Исто така, Лени зборуваше и за својата 23-годишна ќерка Зое, која е актерка, пејачка и модел. „Прекрасно е. Изминатово лето таа учествуваше во последниот X-Men филм. Исто така направи навистина прекрасен независен филм Yelling to the Sky , кој беше дел од неколку фестивали. Таа е дел од бендот Elevator Fight и прават многу кул музика. Неодамна бев на нивен настап во Бруклин“ – додал Лени.