Ѕвездата од хит серијата „Game of Thrones“ Николај Костер-Валдау привлекува женски погледи кон страниците на турското издание на „GQ“.
44-годишниот дански актер застана пред објективот на фотографот Ричард Рамос за јануарското издание на машкото списание.
Во интервјуто за списанието, Николај појасни зошто сè уште живее во Данска и зборуваше за улогата во „Game of Thrones“.
За живеењето во Данска: „Живеам и во Данска и во Лос Анџелес, бидејќи треба постојано да патувам поради работата. Мислам дека е себично да ги попречувам плановите на моите деца и мојата сопруга. Ако бев сингл, ќе размислев дали да се преселам во Лос Анџелес, но сега имам други приоритети. Мислам дека треба да го одвојуваме личниот живот од работата.“
За улогата во „Game of Thrones“: „Имав повеќе улоги во Холивуд досега, но морам да признам дека улогата во „Game of Thrones“ е најважната работа за мене.“
Погледнете видео од снимањето на едиторијалот: