Софија Вергара ја истакна својата привлечна фигура на настан организиран од Академијата за телевизиски уметности и науки во Лос Анџелес.
43-годишната Колумбијка ја промовираше својата серија „Modern Family“ во тесен циклама фустан од Викторија Бекам и обувки од Шарлот Олимпија.





Во интервју за ET, Вергара зборувала за здравствената состојба на нејзиниот сопруг Џо Манганиело, кој беше опериран поради воспаление на слепото црево. „Тој е ОК. Имаше мал проблем, но сега е добар“ – рекла таа.
Софија вчера беше фотографирана и за време на шопинг во Беверли Хилс.




