Откако присуствуваше на свадбата на својата пријателка Ана Беатриз Барос на Миконос, Адријана Лима ја продолжи летната авантура на популарниот остров.
Згодната Бразилка во неколку наврати беше фотографирана на плажа во бикини кои ја истакнуваа нејзината врвна форма.





На грчкиот остров, 35-годишниот модел се забавуваше со фудбалерот Роберт Левандовски и неговата сопруга, како и германскиот фудбалер Сами Хедира.
Бидејќи неодамна Лима ја прекина врската со Џо Томас, нејзините фанови шпекулираат дека е можна нова романса со Хедира.




























