Ен Хетавеј си ја истрижа долгата коса за филмска улога. 29-годишната актерка за време на викендот се појави со супер кратка машка фризура. Фото-репортерите ја уловија Ен како се искрадува од ноќен клуб во придружба на свршеникот Адам Шулман и своја пријателка и како што пренесуваат странските медиуми, им било потребно време за да ја препознаат.

Шармантната актерка се реши да ја истриже својата коса за улогата на Фантина во филмот „Les Misérables“, кој се снима според популарната книга „Клетници“ од Виктор Иго.
Освен што Ен морала да се откаже од долгата коса, таа во моментов е на диета со 500 калории дневно за да може да изгуби доволно тежина и да изгледа слаба и истоштена.
„За жал, таа има само 15-20 дена за да ослаби колку што е можно повеќе – до девет кила – затоа што досега снимаше сцени во кои е здрава и фит, речиси малку дебелка“ – пишува Daily Mirror, цитирајќи анонимен извор.

„Таа слабее за улогата, но не премногу. Само доволно за да изгледа покревка, затоа што глуми проститутка која умира“ – изјавил претставник на актерката за E! News.