Ема Вотсон беше ангажирана од списанието „Porter“ за да сними фотосесија за зимското издание, посветено на 100 неверојатни жени. 25-годишната актерка позираше за фотографот Кас Бирд.
Оскар де ла Рента, Шанел, Луј Витон и Баленсијага се дел од познатите модни куќи кои ја облекоа Вотсон за едиторијалот.



Во интервјуто за списанието, холивудската ѕвезда зборувала за долгогодишното снимање на Хари Потер и дека половина живот била преокупирана со својата улога во филмот. „Го поминав повеќе од половина мој живот преправајќи се некој што не сум. Додека моите врсници ја бојадисуваа својата коса и се обидуваа да се пронајдат, јас се обидував да дознам која е Хермиона и како најдобро да ја портретирам. Сега на 25 години за првпат во мојот живот чувствувам дека имам свое јас со кое ми е удобно“ – рекла Вотсон.





