Ема Вотсон ја доби својата прва насловна страна на американското издание на познатото списание за мода „Вог“.
21-годишната актерка, која веќе успешно ги направи првите чекори во светот на модата, сними едиторијал со познатиот фотограф Марио Тестино.
За гламурозната фотосесија Ема носеше облека од многу познати дизајнерски имиња како Том Форд, Прада, Келвин Клајн, Долче и Габана и Александар МекКвин, а за нејзиниот софистициран изглед придонесоа замазнетата фризура, „зачадените“ очи и усните во боја на црно вино.
Младата актерка, која е познатата по филмовите Хари Потер, веќе го освојува модниот свет. Неодамна таа беше прогласена за Икона на стилот од Elle. Ема беше и рекламно лице на брендот Burberry, а пред повеќе од еден месец ја претстави својата 3-та колекција за People Tree и ја презентира еко колекцијата за која соработуваше со Алберта Ферети.
Волшебната Ема во април стана и рекламно лице на Lancôme.
Еве и кратко видео од „зад сцената“: