Дауцен Крус со семејството отпатува „во земјата на џиновите“ за едиторијал за Glamour.
31-годишниот модел заедно со сопругот Санери Џејмс, синот Филен и ќерката Милена беа во посета на Самбуру, Кенија, со цел да помогнат во заштитата на слоновите во Африка.

„За мене беше многу важно да го донесам тука моето семејство и да им овозможам на децата самите да видат зошто е толку важно да ги заштитиме овие убави диви суштества... Тоа што сум тука, во оваа егзотична земја и што ја споделувам оваа кауза со мојот сопруг е неверојатно романтично“ – изјавила Крус.
Фотографиите се дело на Натаниел Голдберг.







