Британското кралско семејство деновиве е актуелно со прославите по повод 90-тиот роденден на кралицата Елизабета.
Војвотката Кетрин повторно привлече големо внимание со впечатлив стајлинг. Сопругата на принцот Вилијам се појави на служба во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор во црвена комбинација.


Црвеното палто е од брендот Кетрин Вокер, основан од омилената дизајнерка на принцезата Дијана.







Кетрин љубезно се смешкаше и разговараше со присутните во придружба на Вилијам.



