Посетата на војвотката Кетрин и принцот Вилијам на Јужна Азија е будно следена од целиот свет.
Откако неколку дена кралскиот пар престојуваше во Индија, турнејата продолжи во кралството Бутан.
Британскиот принц и неговата сопруга се сретнаа со кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук и кралицата Џецун Пема, нарекувани уште и „Вил и Кејт од Хималаите“.










За време на посетата, Вилијам и Кетрин имаа можност да се вклучат во настан посветен на бутанскиот национален спорт – стрелаштвото.














Кралот и кралицата на Бутан стапија во брак во октомври 2011 година, а на 5 февруари годинава добија син.

