За време на посетата на Националниот парк Казиранга во Индија, кралскиот пар имаше можност одблиску да се сретне со мали слончиња и носорози.
Војвотката Кетрин и принцот Вилијам, кои се на еднонеделна официјална турнеја низ Индија и Бутан, ги хранеа и галеа животните пред да заминат на сафари.
Шарениот фустан кој Кетрин го носеше е од брендот Topshop и веќе е распродаден.




























За време на средбата со жителите на селото Пан Бари, Кетрин била запрашана зошто принцот Џорџ и принцезата Шарлот не патуваат со своите родители. „Затоа што Џорџ е многу палав. Тој би трчал насекаде. Следниот пат кога ќе дојдеме, дефинитивно ќе ги земеме со нас“ – одговорила таа.
