Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го освојуваат Боливуд. Кралскиот пар во Мумбај ја започна својата официјална посета на Индија.
На хуманитарната гала-вечера во хотелот „Таџ Махал“, Кетрин шармираше во раскошна креација во индиго-сина боја од британската дизајнерка Џени Пекам и обетки од брендот Amrapali.








На свеченоста присуствуваа 200 гости, меѓу кои многу познати лица од светот на шоу-бизнисот во Индија.








Претходно, Кетрин и Вилијам се вклучија во спортски активности со деца. На настанот, кој беше организиран од три невладини организации, Кетрин носеше шарен фустан од индиската дизајнерка Анита Донгре.







Двајцата претставници на британското кралско семејство положија и цвеќе во чест на загинатите во терористичкиот напад во Мумбај кој се случи во 2008 година. За таа пригода, Кетрин избра креација од Александар МекКвин.


