Сестрите Кардашијан живеат луксузен и раскошен живот, а голем дел од богатството што го поседуваат се троши за нивниот изглед. Не треба да погледнете подалеку од плакарот на обувки на Клои за да сфатите дека во него лежат стотици илјади долари во формата на обувки од брендови како Balenciaga, Chanel и Fendi. Сепак, најбројни во плакарот на Клои се обувките со црвени ѓонови од Лобутин.
Списанието Elle влезе во домот на Клои Кардашијан за да ја фотографира нејзината неверојатната колекција обувки.
„Ги сакам моите обувки. Мора да се координирани според бојата и да можам да ги видам апсолутно сите. Точно знам каде живее секој пар и можам да познам ако некои се преместени. Дефинитивно помага да ги наредите така што едната обувка да е свртена однапред, а другата одназад. Така се штеди простор, но освен тоа, убаво е да можете да го видите и задниот дел на обувките. Јас сум фрик кога се работи за подреденост“ – изјавила Клои.
Клои признала дека е обожавателка на сè што блеска, па дури и нејзиниот телефон е со блескави камчиња. „Што да ви кажам, обожавам блесок. Ме привлекува сè што блеска. Мојот блекав телефон ги прави бизнис повиците помалку стресни“ – раскажала таа.
Љубоморни сте? Секоја жена посакува барем дел од плакарот на Клои.