Кортни Кокс, позната по улогата на Моника во серијата „Пријатели“, пред да стане актерка имала желба да биде архитект. Иако таа го одбрала актерството како своја кариера, нејзината желба за градење и декорирање никогаш не згаснала, открива списанието Elle Décor.
Па, кога дошло времето да ја реновира својата куќа во Малибу, 46-годишната актерка знаела точно што сака. „Долго време ги имам надгледувано реновирањата на моите домови и имам цврсто мислење во однос на тоа што сакам и зошто го сакам“ – изјавила Кокс, дополнувајќи дека сè поминувало преку неа, до последниот детаљ.
Модерната куќа се наоѓа на приватна локација со поглед на океан, на површина од 8000 метри квадратни, а вклучува тениско игралиште и базен со солена вода. Во интервјуто за списанието, Кокс изјавила дека оваа куќа е точно онаква во каква што таа би сакала да живее.