Шведскиот диџеј Авичи, чие вистинско име е Тим Берглинг, го освои светот со својата музика, а притоа го наполни својот џеб. Заработувајќи и по 200.000 долари на вечер,
Неодамна тој издвои 15,5 милиони долари за да присвои прекрасен дом во Холивуд Хилс.
Модерниот дом со незаборавна глетка има 6 спални соби и 7 бањи, како и систем за безбедност кој би ги задржал подалеку ентузијастички настроените фанови.
Минатата година Форбс го рангираше Авичи на шестото место на листата Најплатени диџеи во светот.