Курт Расел и Голди Хоун го објавија својот дом за продажба. Луксузниот имот, сместен на плажа во Малибу, се продава за нешто помалку од 15 милиони долари. Додека куќата не добие нов сопственик, Курт и Голди ја изнајмуваат за месечна кирија од 80 000 долари.
Имотот со луксузен ентериер и прекрасна глетка кон океанот е во рацете на познатиот пар повеќе од 20 години, а последен пат бил реновиран пред само 6 години.
Курт Расел и Голди Хоун се во врска повеќе од 28 години, што е особена реткост во Холивуд. Ќерката на Голди, Кејт Хадсон, неодамна ѝ роди уште едно внуче.