Курт Расел и неговата сакана Голди Хоун заедно добија свои ѕвезди во Холивуд.
71-годишната Оскаровка и 66-годишниот актер, кои се заедно 35 години, со страсни бакнежи на црвениот тепих го прославија испишувањето на нивните имиња на холивудската Патека на славните.
На свечениот настан, Голди носеше жолт цветен фустан од брендот Cinq a Sept , додека Курт изгледаше елегантно во црн костум.
Од публиката нив ги бодреа режисерот Квентин Тарантино и актерките Рис Витерспун и Кејт Хадсон, која ѝ е ќерка на Хоун од бракот со музичарот Бил Хадсон.
Подоцна, сите заедно позираа пред фоторепортерите на познатата патека.
„Ова беше многу поемотивно одошто очекував. Беше забавно да бидеме заедно дел од нешто исто на овој ден“ – рече Расел.