Викторија и Дејвид Бекам ги почестија своите деца со забавен ден во Дизниленд. Славното семејство беше фотографирано додека уживаше во авантуристичкиот парк во Калифорнија.
41-годишната дизајнерка објави на Instagram слатка фотографија на која Дејвид и малата ќеркичка Харпер се прегрнати. Од друга страна, поранешниот фудбалер го сподели моментот кога се сретна со Ана и Елса од „Frozen“.