Викторија и Дејвид Бекам заедно со четирите деца присуствуваа на ревијата на Burberry во Лос Анџелес, на која беа претставени креациите за сезоната есен/зима 2015 на познатиот бренд.
Славното семејство седеше во првиот ред на модното шоу, заедно со главната уредничка на „Вог“ Ана Винтур.
На фотографиите слатката Харпер седи во скутот на Дејвид, додека синовите Бруклин, Ромео и Круз фокусирано ја следат ревијата со својата мајка Викторија.
12-годишниот Ромео веќе неколку години соработува со Burberry, а во ноември минатата година беше главната ѕвезда во божиќната рекламна кампања на британскиот бренд.