Џенифер Лопез ја одушеви публиката на АМА 2013 со енергичен настап во чест на Селија Круз, позната како „Кралица на салсата“.
44-годишната пејачка танцуваше незапирливо со голема група професионални танчари додека ги пееше „Quimbara“, „La vida es un carnaval“ и „Bemba Colorá“.
Лопез на сцената се појави во црна креација на Наим Кан, а на сцената се пресоблече уште двапати.
Откако заврши со „La Vida Es Un Carnaval“, се соблече во луксузно боди со реси од Зухаир Мурад и ги покажа своите највпечатливи движења.
Во времето кога не блескаше на сцената, Лопез носеше долг „златен“ фустан од високата мода на Зухаир Мурад.