Една година откако се повлече од Coachella поради бременоста со близначињата Руми и Сер, Бијонсе настапи на популарниот фестивал и ја одушеви публиката.
Музичката дива носеше четири костими креирани од Оливие Рустан од Balmain, се обедини со Кели Роланд и Мишел Вилијамс и настапи со сопругот Џеј Зи и сестра си Соланж.
Цели 2 децении по формирањето на женскиот бенд Destiny's Child, трите музички ѕвезди ги изведоа хитовите „Lose My Breath“, „Say My Name“ и „Soldier“.
Destiny's Child reunion full #Beychella pic.twitter.com/QtAGo8qRdM
— TheHippyera (@TheHippyera) April 15, 2018
Бијонсе со Џеј Зи настапи со „Déjà Vu“ додека со Соланж со „Get Me Bodied“.
Jay Z joins Beyonce at Coachella pic.twitter.com/c1xBITjc4w
— Brand New Hip Hop (@brandnewhiph0p) April 15, 2018