Џесика Симпсон, исто како и Деми Мур и многу нејзини бремени следбенички, се соблече за да го покаже своето заоблено тело.
31-годишната ѕвезда на една од фотографиите е целосно гола и со едната рака го држи својот голем стомак, а со другата си ги покрива градите.
Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон го очекуваат нивното прво дете. Ексклузивно за списанието, русокосата актерка и дизајнерка откри дека наскоро ќе имаат девојче.
Во интервју за Elle, Џесика призна дека би сакала нејзината ќерка да има чувство за стил и да не биде спортски тип како нејзиниот свршеник.
„Се колнам дека ќе пукнам ако ми побара пар Nike патики наместо обувки од Кристијан Лобутин. Ерик е толку спортски тип. Ќе имаме спортско девојче и нема ни да можам да ја носам на шопинг, затоа што ќе сака само спортски градници и Nike“ – изјавила Симпсон.
Нероденото девојче веќе има име и Џесика признава дека не се работи за нешто шокантно и невообичаено. „Сигурни сме за името. Не е ништо шокантно и ништо што треба да се додаде во речник. Сепак, кога луѓето ќе го слушнат, ќе знаат... зошто“ – рекла таа.
Џесика и Ерик се во врска од мај 2010 година, а ќе стапат во брак по раѓањето на нивната ќерка.