Шакира и Пике не ја кријат големата среќа на новата фотографија која познатата пејачка ја сподели со своите фанови.
35-годишната Колумбијка го разголи трудничкото стомаче и призна дека ужива во бременоста. „Можам да продолжам вака уште девет месеци“ – напиша таа.
Идната мајка опуштено лежи во прегратката на фудбалерот Пике, со кого се запозна на снимањето на спотот за песната „Waka Waka (This Time for Africa)“. Среќниот пар објави дека очекува син.
„Шакира со нетрпение очекува да стане мајка. Тие дефинитивно сакаат повеќе од едно дете“ – изјавил близок до Шакира.