Трудничкото стомаче на Мила Кунис станува сè поизразено.
33-годишната актерка беше фотографирана додека излегуваше со својот сопруг Ештон Кучер во Лос Анџелес. Тесниот спортски фустан со риги го оцртуваше стомакот на бремената актерка, која го очекува своето второ дете.







Претходно, Кунис беше „уловена“ од папараците на прошетка со Кучер и 22-месечната ќеркичка Вајат Изабел во Лос Анџелес. Облечена во кратки фармерки и спортска маичка, Кунис се разладуваше со студен пијалак. Малата Вајат носеше спортски дрес со своето презиме.





Пред една недела Мила и Вајат беа фотографирани додека се упатуваа во детска игротека.





Мила и Ештон се свршија во февруари 2014 година, а во октомври истата година го добија првото дете. Парот стапи во брак во јули минатата година.