Иако пред осум месеци решија да се разведат, Меган Фокс и Брајан Остин Грин се сè уште заедно и го очекуваат своето трето дете.
Бремената актерка беше фотографирана со сопругот и двете синчиња на пазар во Лос Анџелес.
На фотографиите, 29-годишната актерка носи црн долг фустан додека за рака го држи својот тригодишен син Ноа. 42-годишниот актер пак беше задолжен за двегодишниот Боди.







Пред неколку дена, говорејќи за бременоста на Меган, Брајан откри дека бебето е негово, но дека не било планирано. „Знаете ништо не е планирано. Ниту едно од нашите деца не е планирано. Едноставно се препушташ на тоа. Да имаш три бебиња на моја возраст е лудо. Оваа година полнам 43 години“ – изјавил тој за People.











Блиски на парот за странските медиуми откриле дека двајцата актери живеат заедно и дека одлучиле да го одложат разводот откако дознале дека го очекуваат третото дете.
Меган поднесе документи за развод во август минатата година по 5 години брак.