Бременоста не ја спречи Мариса Милер да го разголи своето тело. 34-годишната манекенка, која до пред неколку години беше меѓу ангелите на Victoria’s Secret, позираше гола за „Allure“.
Во интервјуто за списанието, Мариса открила детали за промената на телото во бременоста, за тежината и стриите.
За заоблената фигура: „Отсекогаш сум мислела, дури и пред да забременам, дека е подобро да ги акцентираш облините. Многу жени се обидуваат да го соберат задникот или да се подгрбават, затоа што сакаат да го сокријат стомакот. Очигледно е дека не можеш да го собереш навнатре, но многу е важно навистина да го покажеш стомакот.“
За стриите: „Двете мои сестри родија деца оваа година и навистина многу се залагаат за превентивната нега. Го читав многу блогот на Моли Симс и таа ја објави оваа рецепта: шеа путер, путер од какао, кокосово масло и витамин Е. Го направив сама, со тоа што ги сварив состојките и смесата ја ставив во тегли.“
За тежината: „Сестра ми ми рече: Се храниш здраво и вежбаш, па колку и да се здебелиш, твоето тело знае што прави. Никогаш претходно не поседував вага, но зголемувањето на тежината е дел од следењето на твојот напредок. Да, гледав бројки (на вагата) кои не сум ги видела претходно, но не ми е важно, затоа што имам нови цели и нов фокус. Тоа е прилагодување, но помага кога имаш позитивна поддршка“.