Блејк Лајвли отпатува во Кан за да присуствува на Интернационалниот филмски фестивал, кој се одржува секоја година на француската ривиера.
28-годишната холивудска ѕвезда шармираше на промотивен настан за нејзиниот најнов филм „Cafe Society“, во рамките на фестивалот. Лајвли, која со Рајан Рејнолдс го очекуваат второто дете, се појави во црвен комбинезон од колекцијата есен 2016 на дизајнерот Хуан Карлос Обандо.











Лајвли позираше и со колегите Кристен Стјуарт, Џеси Ајзенберг и Кори Стол и режисерот на филмот Вуди Ален.















Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ на Instagram објави фотографии од подготовките за промоциите на новиот филм на големиот настан. На нив, таа носи фустан од Preen и сандали од Salvatore Ferragamo.



