Блејк Лајвли ги сврти сите погледи кон себе на премиера на нејзиниот нов филм „Café Society“.
Во Парискиот театар во Њујорк, 28-годишната актерка шармираше во краток фустан со розови цветови од Carolina Herrera. Својот изглед модерната трудница го надополни со обувки Christian Louboutin и накит од Lorraine Schwarz и Ofira Jewels.













На црвениот тепих, Блејк позираше и со своите колешки од филмот Кристен Стјуарт и Паркер Поузи.

Претходно, Блејк го украде вниманието на фоторепортерите во уште две модни комбинации. Во рамките на промотивната турнеја за „Café Society“, славната сопруга на Рајан Рејнолдс се облече во син фустан од Diane von Furstenberg и колоритни лобутинки.



Подоцна Лајвли се пресоблече во бохо фустан од Valentino и чанта и обувки од Louboutin.


Филмот „Café Society“ на Вуди Ален премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал, а утре ќе започне да се прикажува во американските кина.