Блејк Лајвли присуствуваше на доделувањето на наградите на L’Oréal „Women of Worth“ во Њујорк, два месеци по раѓањето на своето второ дете. Ова е прво појавување на свечен настан на славната актерка по породувањето.
29-годишната ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ се појави на црниот тепих облечена во црн комбинезон со разголено деколте од Lanvin и сандали од Стјуарт Вајцман.





На манифестацијата, Лајвли позираше и со Ева Лонгорија, Карли Клос, Енди Макдауел, Дајен Китон и други славни дами.








L’Oréal секоја година наградува исклучителни жени-волонтерки кои несебично одделуваат од своето време за да помагаат во заедницата во којашто живеат.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ѝ посакаа добредојде на втората ќерка на крајот на септември оваа година.