Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс беа поканети на вечера во Белата куќа, организирана во чест на канадскиот премиер Џастин Трудо. Славниот пар се појави во гламурозно издание на официјалната вечера со претседателот Барак Обама во Вашингтон.
28-годишната актерка блескаше во креација од Ралф и Русо, додека 39-годишниот канадски актер шармираше во одело од Барбери.











Џастин Трудо беше придружуван од својата сопруга Софи Грегоар. Софи и првата дама на САД, Мишел Обама, добија комплименти за шармантниот изглед. Фустанот која Мишел го носи е креиран од дизајнерот Џејсон Ву.




