Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го прославија денот на независноста на САД. По повод 4-ти јули, 28-годишната актерка и 39-годишниот актер се забавуваа заедно со бројни славни лица на плажа во близина на домот на Тејлор Свифт во Род Ајленд.
Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ го истакна трудничкото стомаче во минијатурни бикини.


















Лајвли и Рејнолдс го очекуваат второто дете. Холивудските ѕвезди ја започнаа својата врска во октомври 2011 година, а го изговорија судбоносното „Да“ на 9 септември 2012 година. Нивната ќеркичка Џејмс се роди во јануари минатата година.