„Ова е мојот живот, денес, во текот на годините – преку моите очи. Моето семејство, моите патувања, мојата љубов. Ова е местото каде што ќе споделувам со вас, ова ќе продолжи да расте како што растам и јас. Со љубов, Бијонсе.“
Со оваа порака Бијонсе денес го започна својот блог, каде што објави голем албум со лични фотографии кои го покажуваат нејзиниот возбудлив живот.
Бијонсе и Џеј-Зи отсекогаш го чувале својот приватен живот подалеку од љубопитните погледи на нивните фанови, но сега споделија некои интересни приватни моменти. На фотографиите може да се види Бијонсе по костими за капење како се релаксира и забавува за време на патувањата низ светот, а исто така на фотографиите се појавуваат нејзиниот сопруг Џеј-Зи, нејзината сестра Соланж и малиот син на Соланж, Даниел.
Ѕирнете во животот на мегапопуларната пејачка, која вчера ја прослави 4-годишнината од бракот со Џеј-Зи:

































За повеќе фотографии од Бијонсе, посетете го нејзиниот блог: beyonce.tumblr.com