Бијонсе ја покажува забавната страна на својот карактер на нови фотографии кои ги објави на Tumblr. 30-годишната пејачка сподели со своите фанови мини албум со приватни фотографии.
На фотографиите Бијонсе врти хулахоп, вози велосипед, се забавува со својата сестра Соланж и пријателки, мајчински се грижи за Блу Ајви и ја покажува својата безгрижност во друштво на Џеј-Зи.
На една од фотографиите Бијонсе е качена на дрвена лулашка, додека Џеј-Зи ја турка.
Друга фотографија се фокусира на грбот на Блу Ајви, затоа што малото девојче додека се храни од цуцла носи маица од турнејата на Џеј-Зи со Кание Вест.
Обожавателите на Бијонсе се воодушевени од разиграната природа на славната пејачка и не престануваат со комплиментите и пофалбите.
Бијонсе пред неколку дена сними спот за „I Was Here“, кој ќе биде објавен на Светскиот ден на хуманитарноста, 19 август.