Бијонсе и Џеј-Зи решија да се одморат на сончевите плажи на островот Св. Бартоломеј. Познатиот музички пар се релаксираше на песочните плажи само неколку дена по нивната четврта годишнина од бракот.



30-годишната пејачка ги покажа своите женствени облини во црни танкини додека уживаше во времето поминато со Џеј-Зи.



Бијонсе, Џеј-Зи и нивната тримесечна ќерка Блу Ајви се на првиот заеднички одмор. Претходно тројцата беа забележани како се качуваат на голема јахта со нивни пријатели.



Според порталот MediaTakeOut, Бијонсе и Џеј-Зи ги обновиле своите завети за време на интимна церемонија која се случила на полноќ на 4 април.