Бијонсе беше во публиката на хуманитарниот концерт Tidal x Brooklyn, кој се одржа во „Барклис центарот“ во Бруклин.
Музичката дива ја истакна фигурата во зелена креација со висок шлиц од Волтер Мендез.
Впечатливите висечки обетки, крзнената наметка и блескавите чевли и чантичка го засилија гламурот во нејзиниот стајлинг.
Хуманитарниот концерт беше организиран од Tidal, музичкиот сервис зад кој стои Џеј Зи, со цел собирање на средства за помош на настраданите во ураганите Харви и Ирма.