Бијонсе пред неколку дена ја претстави својата прва колекција спортска облека „Ivy Park“. 34-годишната музичка дива продолжи да ги промовира своите креации во едиторијал за „Elle“.
Славната сопруга на Џеј Зи позираше пред објективот на фотографката Паола Кудаки за мајското издание на познатото списание.


Во интервјуто, Бијонсе споделила дека новата колекција цели да ги привлече сите жени, без оглед на нивната фигура и да ги поттикне да го сакаат своето тело. „Тоа е суштината – да ја слави секоја жена и телото во кое е таа додека постојано се стреми да биде подобра... Мора да се грижиме за нашите тела и што ставаме во нив. Жените мора да издвојуваат време за да се фокусираат на своето ментално здравје – да издвојуваат време за себе, за духовното, без да се чувствуваат виновно или себично. Светот ќе те гледа онака како што се гледаш ти и ќе те третира онака како што се третираш сама“ – рекла таа.

