Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Апокалиптични фотографии на Мила Јовович за Campari

ФОТО: Апокалиптични фотографии на Мила Јовович за Campari

Мила Јовович изгледа зашеметувачки на фотографиите за новиот календар на Campari за 2012 година. Синооката актерка застана пред објективот на Димитри Данилоф, а резултатот на нивната соработка се 13 апокалиптични фотографии.

Календарот носи наслов „It’s the end of the world, baby!“ поради тоа што постојат многу драматични пророштва и прогнози дека во 2012 година ќе дојде крајот на светот. Секоја од фотографиите претставува различна хипотеза за кобниот крај – урагани, вулкански ерупции, земјотреси, астероиди...

„Како модел и актерка, за мене ова беше нов возбудлив предизвик, комбинирајќи ги моите способности за да ја оживеам секоја хипотеза на театрален, но софистициран начин“ – изјавила Јовович.

Идејата зад кампањата не е да сее страв, туку да ги натера луѓето да прославуваат и да создаваат моменти за паметење. „Она што ме привлече кон овој проект беше моќната инспирација која се крие зад него, како и позитивниот приод на славењето на животот со специјална здравица со пријателите и семејството“ – објаснила 35-годишната актерка.

Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович Мила Јовович

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.