Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ангелите на Victoria’s Secret пред големото шоу

ФОТО: Ангелите на Victoria’s Secret пред големото шоу

Денес ќе се одржи снимањето на големиот спектакл на Victoria’s Secret. Најсексапилното шоу на планетата ќе собере на едно место некои од најубавите жени на светот.

„Тоа не е само шоу, тоа е голем настан. Многу луѓе ќе настапуваат, ќе имаме танчери. Плус ќе ги има најубавите девојки на светот во долна облека со крилја. Многу е магично, многу е убаво“ – со овие зборови Алесандра Амбросио го опиша модниот настан на годината за брендот Victoria’s Secret.

На пробите пред шоуто присуствуваа и многу новинари, па веќе се познати костимите на Адријана Лима која ќе го отвори шоуто. Таа ќе носи 3 различни креации. Првата е „корсет“ во форма на срце во комбинација со огромни крилја на кои пишува „Tough Love“ (на фотографиите подолу). Втората е малку поспортска комбинација, а третата се разбира е со градникот од 2 милиони долари.

Адријана Лима Адријана Лима
Адријана Лима Адријана Лима

Ѕирнете како изгледаат последните подготовки пред шоуто во следното видео:

Моделите на VS, Алесандра Амбросио, Адријана Лима, Селита Ибенкс, Изабел Гоуларт, Шанел Иман, Кендис Сванапул, Каролина Куркова, Џесика Стем, заедно со своите колешки ангели се собраа во Њујорк за да се подготват за големото шоу.

Ангелите на VSАнгелите на VS

Во групата недостигаа Доуцен Крос која се омажи изминатиов викенд, Миранда Кер која е бремена и Роузи Хантингтон Витли која го снима Transformers 3.

Иако шоуто ќе се одржи денес, официјално ќе биде прикажано на телевизиската мрежа CBS на 30 ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.