Декемвриското издание на „Вог“ Шпанија за насловната страница ја избра Кејт Мос, но за внатрешните страници направи едиторијал со единаесет од најпознатите модели и ангели на Victoria’s Secret.
Врвниот фотограф Марио Тестино стои зад фотографиите со Ирина Шајк, Карли Клос, Миранда Кер, Изабел Голарт, Констанс Јаблонски, Дауцен Крус, Изабели Фонтана, Тони Гарн, Ања Рубик, Едита Вилкевичиуте и Алесандра Амбросио.