Амал Клуни недискутабилно е модерна бизнис дама. 37-годишната сопруга на Џорџ Клуни беше фотографирана во Лондон во отмено издание.
Облечена во бордо женски костум со здолниште, Амал се појави на прес-конференција посветена на поранешниот претседател на Малдиви, Мохамед Нашид.







Нашид, кој е првиот демократски избран претседател на Малдивите, истакна дека се злоупотребуваат човековите права во неговата татковина. Амал му помогна минатата седмица да излезе од затвор и да побара медицинска нега во Велика Британија. Нему му беше досудена 13-годишна затворска казна.



Клуни изјави пред новинарите дека „демократијата е мртва“ на Малдивите.