Амал и Џорџ Клуни ги размрдаа прстите на фоторепортерите на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.
Славниот пар заробуваше погледи на премиерата на филмот „Hail, Caesar!“ за време на 66. издание на Берлиналето. На свеченоста во Берлин, Германија, Амал се појави во гламурозен винтиџ фустан со потпис на Сен Лоран.













54-годишниот актер гордо позираше покрај својата сопруга, но и покрај колегите од комедијата на браќата Коен. Во филмот „Hail, Caesar!“ се појавуваат многу славни лица, меѓу кои и Џош Бролин, Скарлет Јохансон, Тилда Свинтон и Ченинг Тејтум.




