Како ангел на Victoria's Secret, Алесандра Амбросио е експерт кога станува збор за истакнување на сексапилот.
Со розов фустан од Роберто Кавали познатата манекенка го задржуваше вниманието на присутните на карневалска забава на „Вог“ во Бразил.
Фустанот со длабоко деколте и висок шлиц 32-годишната Бразилка го комбинираше со „сребрени“ сандали од брендот Schutz.
Нејзината бохо фризура беше надополнета со цветен моден додаток од ателјето Марко Аполонио.
Претходно Алесанда била фотографирана во краток црн фустан во Сао Паоло, на промотивен настан на модниот бренд Bobstore.