Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Алесандра Амбросио проговори за лошата пластична операција на ушите

ФОТО: Алесандра Амбросио проговори за лошата пластична операција на ушите

Алесандра Амбросио го краси најновото издание на дигиталното списание „The Edit“. За едиторијалот „Angel In The Sun“, 32-годишниот ангел на Victoria’s Secret позираше во бикини и креации кои ја отскриваат нејзината фигура.

Во интервјуто за списанието, Алесандра зборувала за одржувањето на телото и за лошата пластична операција на ушите која си ја направила кога имала 11 години. Сакајќи да влезе во модната индустрија, таа одлучила да направи корекција на клемпавите уши, но не поминало сè во најдобар ред.

Алесандра Амбросио

„Пронајдов еден доктор во мојот роден град во Бразил кој имаше направено таква операција само еднаш, па на некој начин бев како заморче. Во текот на првите ноќи по операцијата се чувствував како некој да ми ги има отсечено ушите. Една година морав да одам на дополнителни мали операции... Козметичките операции сега ме ужаснуваат“ – рекла таа.

Амбросио отворено зборувала и за враќањето во форма по раѓањето на ќерката Ања. „Луѓето постојано ми велеа дека веднаш ќе се вратам во форма, но и една недела по породувањето имав голем стомак како балон. Тогаш за првпат во животот морав да бидам на диета“ – раскажала таа.

Додека ја доела малата ќерка, познатата манекенка вежбала по шест пати неделно и консумирала само 1.500 калории дневно за да може да зачекори на ревијата на VS три седмици по породувањето.

Во мај минатата година Алесандра го роди своето второ дете, синот Ноа, и повторно не ѝ беше потребно долго време за да се врати пред камерите.

Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.