Алесандра Амбросио е „барбифицирана“ во фотосесија за списанието Love.
Прекрасната манекенка на Victoria’s Secret доби екстра сјајна и неверојатно мазна „пластична“ кожа и изгледа како жива Барбика во најновото издание на ова списание.
„Алесандра е богиња и беше прекрасно повторно да се работи со неа“ – изјавила Кати Гранд, главната уредничка на Love.
29-годишната манекенка признала дека сè уште нема невестински фустан за нејзината претстојна свадба со бизнисменот Џејми Мазур, со кого Алесандра има 2-годишна ќерка. Но, најверојатно на свадбата ќе носи два фустани, еден од Alice Temperley, а вториот од Dolce&Gabbana.