Адријана Лима отпатува во Кан за да присуствува на забавата на Шопард организирана во рамките на Интернационалниот филмски фестивал. Славната Бразилка беше придружувана од своето момче, борачот Џо.
За свеченоста, 34-годишната манекенка носеше црна креација со бела чипка.















Претходно, Адријана и Џо беа фотографирани додека пристигнуваа на француската ривиера.








Лима и Џо долго време ја чуваа својата врска во тајност. На почетокот на овој месец, атрактивниот модел сподели фотографии на Instagram на кои се бакнува со својата нова љубов.