Кога не е зафатена со модни ангажмани, Адријана Лима максимално им се посветува на своите мали ќерки.
Популарната Бразилка го користи слободното време за прошетки со 6-годишната Валентина и 4-годишната Сиена. Триото беше уловено од папараците во Њујорк.








Лима сподели на Instagram и кратко видео од семејното излегување.
Валентина и Сиена се деца на Адријана од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
