Адријана Лима и Карли Клос го подигнуваат празничното расположение. Убавите „ангели“ присуствуваа на настан организиран од Victoria’s Secret во Њујорк.
Привлечната Бразилка го покажуваше својот сексапил во црвен фустан, додека долгоногата Клос шармираше во бел фустан.
32-годишната Лима делеше бакнежи пред камерите, покажувајќи зошто е „ангелот“ со најдолг стаж. Адријана го доби статусот „ангел“ уште во 2000 година.
Од друга страна, 21-годишната Клос, која е еден од најбараните модели во модната индустрија, оваа година се приклучи кон малата група на ангели.
Ангелите неуморно учествуваат во бројни промотивни активности пред телевизиската премиера на шоуто на VS, која ќе биде вечерва.