Адријана Лима деновиве престојува во родниот Бразил. Атрактивната убавица на Victoria’s Secret беше специјална гостинка на отворањето на бутик на брендот Le Lis Blanc во трговски центар во Рио де Жанеиро.
Облечена во црна креација од Le Lis Blanc, Лима ги покажа своите долги нозе, самоуверено позирајќи пред фоторепортерите.






35-годишната манекенка ќе биде дел од новата кампања на Le Lis Blanc, но засега е објавена само една од рекламните фотографии.
