Адријана Лима умее да ги сврти кон себе објективите на фоторепортерите.
34-годишниот ангел на Victoria’s Secret синоќа привлече големо внимание кога се појави на настан за доделување награди за најуспешните во индустријата за парфеми.
На манифестацијата Fragrance Foundation Awards во Њујорк, Лима го истакна своето тело во син фустан од Марк Џејкобс, кој совршено одговараше на бојата на нејзините очи. Својот изглед привлечната Бразилка го надополни со црни сандали и впечатливи обетки.














Пред настанот, Лима сподели фотографија на социјалните мрежи.
